Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека Велика Британија треба да разгледа различни опции за своите идни односи со Европската Унија, вклучително и можно враќање во ЕУ. Бернам зборуваше за Би-би-си откако на годишната конференција на Лабуристичката партија изјави дека Брегзит „направил повеќе штета отколку корист“.
Тој рече дека Британија треба да разгледа различни модели за долгорочни односи со Европа и да одлучи кој најдобро би ѝ одговарал.
„Можеме да останеме таму каде што сме. Тоа секако е една опција, доколку луѓето сметаат дека ова е добро место за останување. Можеме да размислиме за она што го кажа Џорџ Озборн во врска со царинската унија. Можеме да размислиме за она што го кажаа Либералните демократи на нивната конференција за единствениот пазар, а можеме и да одиме до крај“, рече Бернам.
Поранешниот конзервативец и министер за финансии, Џорџ Озборн, се залагаше Британија да се приклучи кон царинската унија со ЕУ, додека Либералните демократи повикаа на враќање на земјата на европскиот единствен пазар. Бернам изјави дека сите опции треба да се проценат врз основа на тоа „што е изводливо“, како и врз предностите и недостатоците на секоја од нив.
На референдумот во 2016 година, Велика Британија одлучи да ја напушти Европската Унија, ставајќи крај на повеќедецениското членство. Следеше период на политички превирања, при што британските влади беа принудени да се справуваат со економските и дипломатските последици од Брегзит.
