Велика Британија се соочува со голем прилив на мигранти од Албанија, кои во таа земја пристигнуваат со мали чамци преку Ла Манш, поради што премиерот Риши Сунак изјави дека неговата земја ќе воведе нови мерки со цел да се намали нивниот број. Како што рече, илјадници Албанци ќе бидат вратени во своите домови во наредните месеци.

Сунак рече дека планира да воведе нов закон на почетокот на следната година со кој ќе се осигури дека оние кои доаѓаат илегално не можат да останат во Британија, како и да се забрза обработката на барањата за азил, кои се проценуваат на повеќе од 143.000.

Повеќе од 10.000 Албанци годинава пристигнаа преку Ла Манш и побараа азил, што е речиси четвртина од рекордните 44.000 луѓе кои стигнале во Велика Британија преку тој пат.