Дискусиите ќе започнат следната година, но според прелиминарните планови, дигиталната валута ќе биде ставена во функција најрано во 2025 година.
Банката на Англија (BoE) ќе работи со Министерството за финансии на Обединетото Кралство за да ја процени потребата од сопствена дигитална валута на централната банка на Велика Британија, се вели во соопштението цитирано од британските медиуми.
На претстојните консултации ќе се разговара за тоа што понатаму треба да се направи за да се развие потребната технологија за поддршка на дигиталните пари.
Претходно оваа година, BoE и Министерството за финансии формираа заедничка работна група за проучување на потенцијалот на дигитална валута издадена од Обединетото Кралство.
Банката има одредени резерви за криптовалутите.
Минатиот месец, гувернерот на централната банка Џон Канлиф изјави дека би можеле дигиталните пари како биткоинот да предизвикаат финансиска криза без строги владини регулативи.
-Би ги охрабрил сите да учествуваат во јавната дискусија за да можеме добро да ги истражиме можностите што може да ги донесат криптовалутите, како и да ги разбереме сите ризици поврзани со нив. Консултациите ќе ги проценат главните прашања, како и можните придобивки и последици за потрошувачите и бизнисите“, изјави економскиот секретар на Министерството за финансии – Џон Глен.
Голем број на криптовалути „пораснаа“ оваа недела поради стравувањата од висока инфлација и растечкото прифаќање. Биткоинот, најскапата виртуелна валута во светот, вчера достигна цена од 68.564 долари. Финансиските аналитичари очекуваат неговата вредност да продолжи да расте.