Одлуката дојде откако студии покажале дека помал број млади луѓе развиле воспаление на срцето откако биле вакцинирани со вакцината Модерна, што не е забележано кај постари од 30 години.

СТИКО препорача и трудниците, без разлика на возраста, да се вакцинираат само со Фајзер, јави Дојче Веле.

Предлогот за препорака сега оди до германските покраини и дополнителна група експерти на разгледување и, можеби, ревизија.

Француската агенција за јавно здравје вчера препорача на лица под 30 години да им се дава вакцината на Фајзер кога е достапна, наместо Модерна, која „има релативно поголем ризик од проблеми со срцето“.

ЕМА претходно оваа година соопшти дека утврдила можна врска меѓу ретко воспаление на срцето и вакцините на Фајзер и Модерна против Ковид-19. Но, придобивките од двете вакцини засновани на технологијата на мРНА ги надминуваат ризиците, соопшти агенцијата, а тоа е ставот и на американските регулатори и на СЗО.