-Разочарувачки е што овој план стана јавен вечерва, и во дадените околности, мислам дека е правилно да напишам дека веднаш се повлекувам, порача Фрост во писмото до Џонсон што го објави Кабинетот на премиерот.

Фрост, кој е поддржувач на Брегзит, ги предводеше обидите на Лондон повторно да ги отвори преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Весникот „Мејл од сандеј“ пишува дека заминувањето на Фрост е поттикнато со воведувањето дополнителни мерки против Ковид-19, кои вклучуваат пропусници за вакцини, како и поради општото незадоволство од даночната политика на Владата и трошоците за еколошката политика „нето нула емисии“.