Министерството за одбрана на Обединетото Кралство вели дека е голема веројатноста Русија да создава нова единица за напад на авиони која ќе оперира над Украина.
Министерството соопшти дека групата, со кодно име Шторм, најверојатно ќе се состои од неколку типови авиони, што сугерира дека ќе има примарна улога во копнениот напад.
Министерството додаде дека извештаите на руските медиуми сугерираат оти руското Министерство за одбрана се надева дека ќе привлече висококвалификувани пилоти нудејќи големи плати. Министерството објави дека единицата најверојатно ќе се состои од најмалку една ескадрила борбени бомбардери Су-24 Фенсер и Су-34 Фулбек и ескадрила нападни хеликоптери.