Имено, Бритни посочува дека нејзиниот татко претходно признал дека за него би било најдобро да се повлече како нејзин старател и дека „тој само сакал пари од неа“. Наводно, на Џејмс му требаат пари да ги плати своите адвокати и поранешни деловни соработници.
Сепак, адвокатот Метју Розенгарт не сака да попушти пред барањата на Џејмс.
– Таткото Бритни Спирс не може да изнуди ништо. Тој нема право да поставува услови за отстранување од старателската позиција. Требаше веќе да поднесе оставка. Тоа би било учтиво и правилно… Ќе побараме суспензија доколку Џејми не поднесе оставка од позицијата старател до крајот на септември, кога е закажано судењето во Лос Анџелес, изјави Розенгарт.
Инаку, Џејми Спирс неодамна се согласи да се повлече како надгледувач на Бритни Спирс. Потоа изјавуваше дека пејачката е „спасена од катастрофа“ со неговото старателство и дека јавноста всушност ќе го пофали, а не да го оцрнува, доколку знае за нејзината зависност и психички здравствени проблеми.