На 19.07.2022 во 03.50 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(46) од Арачиново и И.С.(44) од с.Огњанци, скопско.
Тие, со возило „мерцедес“, кое го управувал Н.А., на ул.„Македонско-косовска бригада“ не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, при што во знак на предупредување од полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух, а потоа на влезот од Арачиново со возилото удриле во службено полициско возило и се обиделе да удрат и полициски службеник, по што излетале од патот.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.