Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против С.Р.(21) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

– На 16.06.2021 на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, пријавениот со патничко возило „цитроен џампер“ превезувал 17 лица мигранти, од кои 15 од Пакистан и двајца од Бангладеш, кои биле пронајдени при контролата, наведуваат од МВР.