Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со копанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн.

– Поништени се сите решенија, сите дозволи, изави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција.

Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и „се стави крај на Рио Тинто во Србија“.

– Со ова се што се однесува на проектот Јадар и Рио Тинто се е завршено, изјави таа јави Бета.

Движењето „Еколошко востание“, кое обединува организации, здруженија и групи граѓани, веќе неколку месеци протестира со блокади на патиштата, инсистирајќи да се прекине проектот за истражување и ископ на литиум во Србија и да се укинат сите дозволи и да се раскинат сите договори.

Тие упатија до Владата ултиматум сите тие документи да бидат јавно објавени.