Таа рече дека Србија во последните речиси три децении докажа дека е посветена на казнување на оние што извршиле воени злосторства и додаде дека не би коментирала за пресудата за Младиќ за одговорот да не и наштети на земјата.

На прашањето дали Хашкиот трибунал е политички суд, како што многумина оценуваат, или дали навистина станува збор за суд пред кој се водат воени злосторници пред законот и правдата, премиерот рече дека тоа е без сомнение политички суд.

– Таму каде што ќе се вмеша политиката, правото и правдата одат низ прозор, рече Брнабиќ.

Таа исто така вели дека има впечаток дека Хашкиот трибунал денес, 26 години по конфликтот, дополнително ги отуѓил верските заедници и народи во регионот.

– Имаме полоша нетрпеливост отколку што имавме пред 26 години, а Хаг придонесе за тоа, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека луѓето од тој суд и рекле дека не е формиран за да придонесе за регионално помирување и додаде дека не се согласува со тоа.

– Не се согласувам со тоа, затоа што ако сите што беа погодени од војните почувствуваа правда, кога би виделе дека одговараат сите што сториле злосторства, тоа индиректно, ако не и директно, ќе придонесе за помирување, рече Брнабиќ.

Српската премиерка посочи дека сите треба да се запрашаме кој е виновен за тоа, дали само земјите од Западен Балкан или „некој ни помогна, вклучувајќи го и Судот во Хаг“.

– Правдата не е задоволена, а помалку за злосторства против Србите – никој повеќе не одговараше и тие што одговараа беа војници од понизок ранг, а пресудите беа минимални, заклучи Брнабиќ.