Кога зборуваме за нашата врска со Македонија и останатите земји од Западен Балкан, нагласи Брнз, важно е да се истакне дека таа мора да биде базирана на солидарност и заедничка работа за предизвиците со кои се соочуваме сега, да ги направиме можностите за Западен Балкан, и партнерствата со ЕУ и САД.
Зборувајќи за партнерството во одбраната и како тоа може да се продолжи и во други делови од меѓусебната соработка, Брнз рече дека постојат многу важни работи кои може да се направат.
– Неодамна, со помош на САД бевме сведоци на договорот меѓу Естонија и Северна Македонија за помош во развојот на правна рамка и патоказ за дигитализација. Естонија има големо искуство во е-влада и дигитализација на услугите, изјави Брнз.
Овие партнерства, посочи американската амбасадорка, ќе и помогнат на Северна Македонија, не само во исполнување на нејзините цели за членство во ЕУ, туку и за подобри услуги за самите граѓани.