Од 12:00 часот денеска е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Поради врнежи од снег, на овој патен правец од 9:45 часот беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.