Информацијата за средбата на Твитер ја сподели Брнз.

Со наредбата на Бајден, се прошири опфатот на лицата од Западен Балкан кои ќе бидат ставени на црната листа на САД и ќе им се забрани влез, а ќе им се замрзне и сиот имот и пари кои ги поседуваат во САД односно истите нема да може да бидат пренесени, платени, извезувани, повлечени.На листата, како што е познато, треба да се најдат лицата кои не го почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор, како и оние кои се вклучени во корупција односно ги поткопуваат демократските процеси или институции на Западен Балкан.