Бродовите од составот на првата постојана поморска антиминска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили.

-Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО (SNMG1) влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од пет бродовi, се наведува во соопштението.

Некои од бродовите вчера впловија во Балтичкото Море додека останатите бродови денеска ќе пристигнат во Талин.

Примарна задача на групата е да демонстрира сојузничко присуство во регионот на Балтичкото Море и да спроведе заеднички вежби со естонската воена морнарица.

Според командантот на естонската воена морнарица Јуриј Саск, планирано е следната недела да почнат вежби со естонските маринци, а ќе се вежба и поставување и откривање мини