Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за потребата од обезбедување на телекомуникациски сервиси за единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата – Е-112.

Согласно препораките на ЦУК, Владата ги прифати заклучоците за телекомуникациските оператори Телеком и А1 Македонија да бидат задолжени да ги активираат сервисите за Е-112 бесплатно за корисниците и за операторот на системот за алармирање.

-Како заклучок е усвоена и препораката операторите да обезбедат бесплатно препраќање на СМС пораките, за корисниците и за операторот на Е-112 системот, кои ќе бидат упатени преку единствениот број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата Е-112, како и да ја обезбедат бесплатно услугата на E- call за повиците кои ќе доаѓаат од автомобилите, стои во соопштението од Владата.