Во последните 24 часа во Република Македонија регистрирани се 323 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 153.137.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 714 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 135.367.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.754.

Досега во земјава се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.928 тестови.