Досега најмалку 23 лица загинаа во вчерашното руско гранатирање на јужниот украински град Херсон и околните села, изјави регионален воен командант.

Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација во Херсон, на Телеграм соопшти дека уште 46 лица се повредени, меѓу кои и две деца.

Руските сили го гранатираа Херсон 16 пати, вклучувајќи ја и станбената област. Повеќе од 80 гранати погодија плоштадот „Привокзални“, железничка станица и премин, бензинска пумпа, две продавници, фабрика и автомеханичар, додаде тој.