Во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди Мароко, според последните податоци, загинаа најмалку 820 лица, а 672 се повредени.

Како што наведува Министерството за внатрешни работи на Мароко смртните случаи од земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се во неколку региони, вклучувајќи ги провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и градовите Уарзазате, Азилал, Чичауа и Тарудант.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Алжир и Мавританија