Младиот математичар се закити со одличје во конкуренција од 22 држави
Младиот македонски математичар Дарјан Мирчевски освои бронзен медал на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2026, која деновиве се одржа во Романија.
Како член на македонската репрезентација, тој настапи на едно од најпрестижните меѓународни натпреварувања за млади математичари и успеа да се искачи на победничкиот пиедестал.
Овогодинешното издание на олимпијадата собра натпреварувачи од 22 држави. Покрај земјите од Балканот, учество зедоа и претставници од Франција, Ирска, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Малезија и други држави со силна математичка традиција.
Во таква конкуренција, бронзениот медал на Мирчевски претставува значаен успех и уште едно меѓународно признание за македонските млади таленти.
Зад успехот стојат трудот и поддршката
Освоеното одличје е резултат на долгогодишна посветеност, упорна работа и темелни подготовки.
Во подготовките на Дарјан учествувале неговите ментори и наставници, а благодарност беше упатена и до менторите од Збир-едукативниот центар, поранешните македонски олимпијци Стефан, Филип и Лука, како и до Сојузот на математичари на Македонија и водачите на македонската екипа на ЈБМО 2026, Петар и Никола.
Поддршка добил и од управата и наставниот кадар на ООУ „Вера Циривири Трена“, каде што му биле обезбедени услови за подготовка и настап на олимпијадата.
Успехот на Дарјан Мирчевски претставува уште една потврда дека знаењето, трудот и посветеноста можат да донесат резултати со кои се гордее целата држава.
