Фатален напад – Скопјанец осомничен за убиство на сопругата уапсен на граничен премин
Брутално убиство во Скопје. 38-годишниот Н.А. е уапсен денеска околу 17 часот на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти земјата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој е осомничен за убиство на својата сопруга Р.А.
Жртвата починала на самото место од здобиени рани со остар предмет
Околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. ѝ нанел смртоносни повреди со остар предмет на неговата сопруга. Повредите биле фатални, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Обид за убиство во Крива Паланка: Маж со нож три пати прободел девојка
Брза акција на полицијата спречи бегство надвор од земјата
Откако го извршил делото, осомничениот се обидел да побегне од државата. Благодарение на брзата реакција на полицијата, тој бил лоциран и уапсен само два часа подоцна, на граничниот премин Табановце. Против него ќе биде поднесена кривична пријава во координација со јавен обвинител.
Истражните органи работат на расветлување на случајот
Во тек се понатамошни истраги за целосно расчистување на мотивите и околностите околу убиството. МВР најави дека ќе продолжи со интензивна работа на овој случај и информирање на јавноста.
Извор: Република