Како што кажа тој, власта е некредибилна и со нејзиното држење на власта најголем губитник е народот.

-Сега како што е состојбата мислам дека нема да има ниту за македонските граѓани, ниту за оваа власт нешто што може да биде ново и креативно. Колку подолго оваа власт останува таму каде што е, јас би рекол некредибилна, толку повеќе ќе губат македонските граѓани. Тука нема етничка припадност, губат и Македонци, губат и Албанци и Турци, Срби, Власи, Роми и Бошњаци, буквално сите, рече Мицкоски.