„Главните кандидати за претседател се соочуваат со реалноста дека Бугарија мора најде излезно решение пред домашната јавност, но притоа да се тргне од она што за нас е исклучително битно, да се тргнат какви било дилеми кај нас околу загрозувањето на нашиот идентитет со тоа што промптно би се признала во преговарачката рамка употребата на македонскиот јазик што создава реално сериозни пречки за да се затворат другите пет точки кои беа на маса. И на крајот можеби дилемите кои сега се отворени во бугарското општество, што кога Бугарија ги отвора прашањата за правата на Бугарите во Македонија, што со правата на оние кои таму се декларираат како Македонци и што со отворените, а нереализирани, неизвршени пресуди на Судот во Стразбур“, изјави Владо Бучковски, специјалниот пратеник, во изјава за „МКД.мк“.

Во однос на прашањето за правата на Бугарите во земјава и принципот на немешање во внатрешните работи, тој смета дека „недостига таа нишка на прагматизам како да се искористи оваа ситуација за да се затвори на соодветен начин и прашањето за правата на оние бугарски граѓани кои сакаат да се здружат и притоа не кријат дека припаѓаат на македонската етничка заедница“.

Мислам дека ако кој било испрати сигнал дека ние сме подготвени тоа да го направиме значи дека не е искрен во намерите да се најде решение. Треба да се бараат други решенија, но и да се почитува тоа што тие го праќаат кон нас како забелешка. Треба крајно професионално, независно од политичката криза во која западнавме, да се проверат сите тие наводи и врз основа на наши официјални аргументирани одговори да продолжи да се гради довербата. Мислам дека малку фали за да се направи пресврт. Сите очекувавме дека тоа ќе се случи по изборите во Бугарија, но, никој не калкулираше дека може ние да западнеме во ваква длабока политичка криза“, оценува Бучковски.