Парламентарните и претседателските избори в недела во Бугарија се исклучително важни за нашите амбиции но и за амбициите на САД и на ЕУ за Софија да ја дигне блокадата за започнување на преговорите за членство во Европската Унија, изјавил специјалниот претставник на Владата во релациите со Бугарија Владо Бучковски, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС.

Притоа Бучковски нагласил дека од исклучително значење е дали Бугарија ќе има политичка влада по третите парламентарни избори.

Според мене ќе има кабинет. Прашањето е дали ГЕРБ на Бојко Борисов ќе состави коалиционен кабинет или пак тоа ќе го направат партиите водени од „ Ја продолжуваме промената“ на поранешните министри Петков и Василев. За нас се важни роковите за составување на владата бидејќи се наоѓаме во цајтнот пред Советот на Европската Унија кој ќе се одржи во средината на декември, изјавил Бучковски, јавува БГНЕС.

На 24 ноември , 10 дена по изборите ќе се конституира новиот бугарски парламент. Тогаш се приклучуваат и претседателските избори, вториот круг е на 21 ноември. Бугарија ќе го има старо-новиот претседател Румен Радев или ќе има нов Анастас Герџиков ..сеедно , по првата седмица на месец деклември е целосно реално да има кабинет , изјавил Бучковски, подвлекувајќи дека САД и ЕУ не криеле дека ги очекуваат резултатите од изборите за да помогнат при обезбедувањето на решението за спорот со Македонија, пишува БГНЕС пренесувајќи ја изјавата на Владо Бучковски.

Според Бучковски, како што објавува БГНЕС, партиите обединети во групацијата „ Ја продолжуваме промената“ биле исклучително позитивни во врска со обидите за пронаоѓање решение за подигање на бугарската блокада.