Инцидентот со охридскиот новоосвестен бугарин Христијан Пендиков се дигна на планетарно ниво, со оглед на тоа што случајот влегува во Европскиот Парламент,односно извештајот на европската комисија.Официјална Бугарија го потценува македонскиот народ,една обична тепачка со нарушување на јавниот ред и мирво Охрид ги залади односите меѓу двете соседни земји и повлекување на бугарскиот амбасадор во земјава. Пуштањето на владин авион со кој беше пренесен повредениот е потценување на цела држава. За да нема чаршиски муабети ,шпекулации и полувиситини нашите органи, јавното обвинителство и полицијата до сега веќе требаше да излезат со официјален извештај за тоа што се случило-вели добрит познавач на приликите,адвокатот Владо Чингоски.Јас не верувам вели тој дека на ден Водици кога до доцните вечерни часови во сите кафеани има народ некој намерно направил инцидент.
-И дека одредена група на луѓе сакале да направат ноќ на ножевите и дека тргнале да бараат бугарин, да ги навредуваат и да ги тепаат затоа што се изјаснуваат како бугари.Ако е точно дека имале другите бугарско државјанство и пасоши, па тогаш каде е таа нетрпеливост, национализам, или шовинизам или говор на омраза, изјави Чингоски.
Ова е само уште еден повод на Бугарија на ја обвини Македонија дека е против бугарите,причините за нетрпеливоста лежат на друга страна и немаат никаква политичка ма особени не национална опозадина-истакнува Чингоски.
-Никогаш не дошло до трепачка затоа што некој се чувствува како македонски бугарин, затоа мислам дека ова е набиено многу, има огромен политички набој,Бугарија сите знаме што сака да постигне но на ваков начин ако мислат дека макединците ќе станат бугари, тешко.Политиката која што ја водиме кон нив е многу сервилна по мене.Не е само за овој случај, целосно,од потпишување на договорот за добрососедство и историската комисија, изјави Чингоски.
Факт е дека во сето ова има режија, а нашата држава влезе во таа игра страна и сега уликувајќи се’ се вадиме, наместо да бараме органите да го расветлат случајот за тепачката, а не ка се кажува дека бил тепан затоа што бил бугарин-заклучува Чингоски.
Во продолжение го има прилогот на Алфа Телевизија со адвокатот