Рамковната позиција за Македонија е онаа за која Бугарија се залага и според Јанев билатералните проблеми не треба да се решаваат на меѓународно поле.
Бугарската декларација односно рамковната позиција опфаќа дваесетината точки од кои најконтроверзно е барањето во контекст на ЕУ во документите не смее да се споменува македонскиот јазик, а во македонските историски учебници и споменици да не се употребува синтагмата „бугарски фашистички окупатор“, со што воедно ја негираат историјата.
Од друга страна пак, односите на Бугарија со Албанија, на средбата беше оценето дека се развиваат добро, во однос на немањето отворени прашања помеѓу двете држави, за разлика од проблемот на Бугарија со македонскиот јазик, малцинство и македонскиот идентитет кој во континуитет се обидува да ги оспори со тврдењето дека македонскиот идентитет е вештачка (југословенска) конструкција од 1945 година, односно дека сите усвоени обележја на македонскиот идентитет треба да се ревидираат како бугарски.
На средбата помеѓу албанскиот и бугарскиот премиер беше оценето дека европскиот пат на Македонија и на Албанија е отворен, што во пракса се коси со процесот.
Албанскиот прмиер Еди Рама рече дека неговата земја не зазема страна.
– Се надеваме и ги поддржуваме двете земји – РС Македонија и Бугарија да разговараат и да го решат проблемот едни со други. Се разбира, ЕУ прави големи напори, но тоа зависи од Бугарите и од Македонците. Не можам да заземам страна за работите да не се искомплицираат, рече Рама.
Во меѓувреме, Португалија достави предлог за решавање на спорот на Македонија со источниот сосед, чии позиции воопшто не се променија и покрај изјавите на бугарските преставници дека земјата е отворена за дијалог со Македонија.
Предлозите на португалското претседателство не и се достапни на јавноста, за што опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе на протести со барање за увид во преговорите со Бугарија. Според информациите кои партијата ги добива од Брисел, но и од Софија премиерот Заев и специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучковски се на пат да го зададат последниот удар на македонските национални интереси, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската посебност, историја, традиција и култура.
За потсетување, во 2019 година Бугарското Народно собрание ја усвои декларацијата со која на Македонија и Албанија им се одобрува да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија. Во декларацијата се опфатени условите, а воедно и закани што ѝ се поставуваат на Македонија, со кои се задира во македонскиот јазик, малцинство и македонскиот идентитет.