Како што јави дописникот на МИА од Софија, вицепремиерот во оставка кажа дека пред неколку дена пристигнало писмо од Европската комисија, според кое крајниот рок за доставување на плановите од земјите членки е 2022 година.
Пред пратениците од парламентарната комисија за буџет, Дончев појасни дека владата во оставка не морала да преземе ваква акција. Пратениците од различни парламентарни партии во Националното собрание, меѓутоа, побараа бугарската Влада во оставка да преземе одговорност и да ги испрати потребните документи за одобрување до Европската комисија.
-Во моментов, само Португалија, која во моментот претседава со ЕУ, поднесе свој План за обновување, најави вицепремиерот Дончев.
Бугарските социјалисти, кои се трета политичка сила во Националното собрание, утре ќе поднесат барање до владата во оставка Планот да го достави до крајот на април, изјави Румен Гечев.