Изградбата на автопатот од Дупница до граничната точка „Гуешево“ со Македонија треба да започне што е можно поскоро, инсистираат локалните власти во Ќустендилско, пренесува БНТ.
Како што пренесува бугарската телевизија, општинските советници „стравуваат дека Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за Коридорот 8 во друг паневропски транспортен коридор – преку Србија“.
Токму затоа, Советите на општините во целиот регион излегоа со генерална Декларација со која бараат властите во Бугарија да посветат сериозно внимание на напредокот на оваа, како што нагласуваат, важна инфраструктурна локација, која освен патна мрежа, вклучува и железничка пруга. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот, Националното собрание, Советот на министри и други институции.
Бугарските власти ја обвнуваат Македонија дека не сака изградба на пругата кон Бугарија како и на автопатот кон бугарската граница. Официјална Софија смета дека за новата власт на ВМРО-ДПМНЕ приротет е коридорот 10 и поврзувањеето со Србија а не коридорот 8 кој води кон Бугарија и Турција.
Дека тоа не е така пред неколку недели објасни министрерот за транспорт Александар Николоски.
Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија а тие немаат, тогаш која е поeнтата ние да градиме автопати.. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заеднички проект бидејќи пругата не води никаде. Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат