Како што јави дописникот на МИА од Софија, документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, пренесување на експертиза, споделување на добри практики и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми.
Бугарија и Македонија, исто така, ќе соработуваат во области како што се органското производство и преработката на органски земјоделски производи, биотехнологии во растително и добиточно производство, селекција и размножување во сточарствотото, како и прекугранична соработка во руралните области.