Бугарската Влада прави се за да ја контролира кризата со ковид-19 и да обезбеди работа на сите здравствени установи без затворање на државата, изјави претседателот Румен Радев при посетата на Добрич, пренесе БНР.
Радев изјави дека во моментов се спроведуваат сите мерки за поддршка на бизнисот и тој може да избира дали ќе работи под условите што му се дадени, или ќе затвори и ќе добива финансиска поддршка.
-Владата прави сè што е можно за да ја контролира кризата, да обезбеди работни капацитети на сите медицински установи – за Бугарија да го помине овој тест без да ја затвори земјата, без да ги лиши Бугарите од општествениот и културниот живот и можноста да ја работат својата професија и да имаат приход и без да се уништува бизнисот, рече Радев