Како што јави дописникот на МИА од Софија, треба да се потпише билатерален договор за донација помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Договорот предвидува Бугарија да донира 51.480 дози од вакцината „Комирнати“.
Бугарската Влада, исто така, одлучи да предложи договор за препродажба на вакцини против Ковид -19 на Кралството Норвешка, за вакцини на „ Moderna Switzerland GMBH“. Договорот предвидува препродажба на 100.000 дози „Spikevax“. Сите трошоци за испорака да ги сноси Норвешка.
Владата во Софија, исто така, одлучи да го одобри нацрт трипартитниот договор за донација на вакцини против Ковид -19 меѓу Бугарија, Бангладеш и „Астра Зенека“.