Jавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот на Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада – побара Македонската асоцијација на новинари (МАН).

„Цитираме само некои од заканите, за кои принтскринови има во прилог на оваа реакција: „Асномски ко*илиња“, „Македонија е наша што сакаме ќе правиме.“ „Смрт за вас“. Се работи на најдиректни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, кои преставуваат закани кон службено лице согласно Кривичниот законик.

Освен директните закани кон новинарот и уредник во К5 ТВ (службено лице) Александар Видиновски, лицата со име и презиме се закануваат и кон Македонскиот народ, како и со воено уривање на Уставниот поредок на Република Македонија.

Ваквите закани се директен притисок врз уставно загарантирана слобода на говор да не се известува за прекршувања на позитивните законски прописи во Македонија дури и од странски дипломатско-конзуларни преставништва и преставници.

Со ваквите закани и притисокот, освен во форма на закани по живот, постои и закана за новинарите воопшто и влијание врз целокупната слобода на говорот, а не само притисок врз конкретен новинар и медиум“ – се вели во реакцијата на МАН.

Закани по животот на новинарот Видиновски, МАН повикува ЈО веднаш да реагира