Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. Ваквите удари и лаги се резултат на едноставната вистина – единствената и најсилна пречка за негирачките барања на Бугарија кон Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Сликата е кристално јасна: од една страна е Венко Филипче, кој без никакви гаранции за македонскиот идентитет и јазик, се залага Бугарите да бидат внесени во Уставот; од друга страна е Христијан Мицкоски, кој ги стопира максималистичките барања и го брани националниот идентитет и македонскиот јазик.
Затоа бугарската пропагандна машинерија со сите сили ги активира своите инсталации и соработници во обид да нанесат штета на македонските позиции.
Јавноста треба со голема претпазливост да ги прима сите информации што ги пласираат овие структури во медиумите.