Моментално во тек е натпреварот меѓу Англија и Македонија во Манчестер, а на трибините е и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Министерот се огласи од „Олд Трафорд“ и вели дека фудбалерите се наши најдобри амбасадори.

„Со задоволство денеска сум во Манчестер како дел од мојата посета во Обидинетото Кралство. Денеска ми се тука најдобрите амбасадори, тие што ги промовираат вредностите кои ние дипломатија се обидуваме да ги постави на наш начин. Ова е најмасовниот начин на промовирање на вредностите. Затоа сум тука денеска да ги бодрам нашите фудбалери и да посакам денеска да издовиме победа“, вели Османи.

Освен Османи, на трибините е и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини верува дека фудбалерите се повеќе од подготвени уште еднаш да ја израдуваат Македонија.

„Чест ни е и задоволство што како селекција играме против една моќна репрезентација како Англија. Ние покажавме досега дека спортски знаеме да се надигруваме и со најдобрите. Така ќе биде и вечерва на „Олд Трафорд“ со надеж фудбалерите уште еднаш да ја израдуваат цела Македонија“, изјави Сејдини.