Продажбата на влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе започне в четврток, соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија. Ова ќе биде воведен натпревар за македонската фудбалска репрезентација во Б-дивизијата од УЕФА Лигата на нации.
Натпреварот ќе се одигра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20:45 часот.
Цените на влезниците ќе се движат од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. Цената на ВИП-влезницата ќе изнесува 3.000 денари.
Од ФФМ најавија дека наскоро ќе бидат објавени и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварот против Шкотска, кој ќе се игра во Скопје на 3 октомври.
Во рамките на септемврискиот циклус од Б-групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација на 29 септември ќе ѝ гостува на Словенија.
Дуелот ќе се одигра на стадионот „Стожице“ во Љубљана, а влезниците за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба на 14 септември.
