Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Братислава заедно со премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Објавувајќи фотографии од средбата на Фејсбук, Османи напиша дека се сретнал со премиерот на Франција Емануел Макрон, наместо претседателот на оваа држава.
-Во рамки на ГлобСек во Братислава, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, средба со премиерот на Франција, Емануел Макрон, објави Османи.
Речиси еден час подоцна, објавата беше корегирана.
Пред само една недела пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на социјалните мрежи објави фотографија на која е сликана со претседателот на украинскиот парламент, но во описот таа целосно го згреши неговото име и функција.