Директорот на Царинската управа, ги покажа кучињата со кои вработените во царина успешно ги пронаоѓаат шверцерите на дрога и други работи.

Делегација на Царинска управа предводена од директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани присуствуваше на последниот дел од обуката на царинско куче донирано и обучувано од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Кучето кое е од расата лабрадор (црвена лисица) успешно ја заврши специјализираната обука за откривање на пари, дрога и оружје. Со ова Цариснката управа располага со 5 кучиња трагачи кои на царинските службеници им го олеснуваат секојдневното работење, учествуваат во повеќе откривачки акции кои се со успешна реализација.

Директорот Богоев присуствуваше и на практична вежба на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде беше демонстрирано откривање на недозволена трговија од страна на мобилните тимови со помош на царинските кучиња во реални услови.

Богоев изрази благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка за досегашната поддршка и истакна дека Царинската управа е подготвена за понатамошно интензивирање на соработката во овој домен бидејќи благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат резултатите при спречувањето на шверцот и недозволената трговија.