Повторно ги отворивме училиштата. Ги подобривме условите во училиштата, воведовме нови наставни програми и обезбедивме обука и поддршка за наставниците. Целиот труд вредеше затоа што најважна на светот ни е насмевката на детските лица, вели во видеопорака на својот фејсбук-профил министерката за образование и наука Мила Царовска.

По повод крајот на учебната 2021/2022 година и претстојните празници, Царовска во видеото ја нагласува важноста од отворањето на училиштата, новините во годината што изминува и посветеноста на МОН во остварувањето на потенцијалот на секое дете.

– Детските желби и соништа ни се главниот мотив кој ни дава сила да продолжиме да создаваме квалитетно образование кое го развива потенцијалот на секое дете, нè учи да се сакаме, почитуваме и веруваме во граѓанските вредности, кои се основата на општеството во кое има место за секој. Среќни празници, вели Царовска во видеото.