-Стартуваме со новата концепција, по новите материјали за учење и јас сум сигурна дека ќе се покажат подобри резултати. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно ни е да се подготви училишниот процес за овој реформски пристап кој ќе трае 5-6 години“, рече Царовска.
Министерката истакна дека тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се спуштат до училиштата.