– Тоа сакаме да го укажеме во континуитет. Дека учебникот е само едно наставно средство или помагало. Меѓутоа треба да имаме и енциклопедии и друг тип на заедничка активност помеѓу учениците, интеракција помеѓу наставникот и учебникот – сето тоа е учење, и токму затоа сакаме и во новата концепција да поттикнеме да не се користи стриктен распоред. Најважно е да ги постигнеме излезните резултати од учење а не да се држиме во дадени формати и секое дете да се трудиме да го ставаме во калап и да му предаваме учебник. Ние треба да постигнеме резултати на учење преку користење на многу поголем број на средства или методи кои што ќе може да ги примени еден наставник, рече Царовска.