-Нема показатели дека некој бил изложен на содржината од малиот број замрзнати шишиња, наведува “CDC” во соопштението пратено до “CNN”.
Замрзнатите шишенца со ознака “големи сипаници” случајно ја открил лабораториски работник кој го чистел замрзнувачот во објектот кој спроведува истражување на вакцини во Пенсилванија.
-Центарот за контрола на болести и превенција, неговите административни партнери и органите за спроведување на законите, го истражуваат целиот случај и изгледа дека содржината на шишенцата е недопрена, објавиле од “CDC”, додавајќи дека работникот во лабораторијата, кој ги открил шишенцата, носел ракавици и маска за лице.
Големите сипаници, познати и како вариола, се прогласени за искоренети во 1980-та година од страна на Светската здравствена организација, по глобалните напори за вакцинација.
Пред тоа, вирусот, кој лесно се пренесувал од човек на човек, заразил 15 милиони луѓе годишно и убил околу 30 проценти од тој број.
Последната позната епидемија во САД била во 1947-ма година.