Илјадници демонстранти денеска повторно маршираат низ улиците на Картум и покрај целосниот прекин на телефонските комуникации и интернетот.

Во задушувањето на протестот и растерувањето на демонстрантите досега загинаа 24 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Суданската војска ја презеде власта на 25 октомври, ја распушти преодната влада и уапси десетици функционери и политичари.

Со тоа беше прекината кревката планирана транзиција кон демократско владеење, повеќе од две недели откако народниот бунт принуди смена на долгогодишниот лидер Омар ал-Башир и неговата исламистичка влада.