-Владата ќе го продолжи ограничувањето. Можеме да ги ограничиме цените на горивото за вкупно три месеци, рекол Пленковиќ, пренесува порталот Индекс.
Тоа значи дека цената на бензините ќе остане на 11,10 куни (1,47 евра), а на дизел горивото на 11 куни (1,46 евра), пишува порталот.
Хрватската влада кон средината на минатиот месец донесе уредба за ограничување на цената на бензинот.
Пленковиќ тогаш на владината седница рече дека планот ќе важи еден месец и дека ваквата одлука е донесена за доброто на стопанството и граѓаните.