Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Дебарца, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Крушево во спортската сала во Крушево со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.
Вториот караван ќе биде во Општина Кратово, каде членката на ЦО Јагода Шахпаска ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 12:00 часот.