Чарлс Трети вчера и официјално стана британски крал.

На престолот на Велика Британија ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина по 70 години владеење. По свечената церемонија во Лондон, кралот Чарлс беше прогласен за крал и на Канада на свечена церемонија во официјалната резиденција на генералниот гувернер во Отава.

Сега Чарлс е прогласен и за шеф на државата Австралија и Нов Зеланд. Во Нов Зеланд, во парламентот во Велингтон, тој беше прогласен за монарх. Тој е и шеф на државата во Австралија, иако неговата улога е главно церемонијална.

– Кралот Чарлс постојано ја покажува својата длабока грижа за нашата нација. Нашите луѓе длабоко го ценат овој однос. Не се сомневам дека ќе се продлабочи – изјави Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд.