Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека земјата е добро подготвена за енергетската криза што се очекува оваа зима и оти Германците немаат причина за загриженост.

Ќе го пребродиме тоа. Живееме во сериозни времиња – порача Шолц во видео-порака.

Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните во Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот.

Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната – порача Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користење фосилна енергија, а во случај на потреба и нуклеарна енергија.

Шолц додаде дека федералната влада планира и пакет помош за граѓаните, додавајќи дека никој нема да биде препуштен сам на себе.