ГП Табановце и Пелинце најоптоварени
Со интензивирањето на летните патувања, на граничните премини низ Македонија повторно се бележат значителни гужви. Најголем притисок се чувствува на ГП Табановце и ГП Пелинце, каде времето на чекање достигнува и до 45 минути. На ГП Богородица, возачите чекаат приближно 30 минути за излез од државата. На останатите премини засега нема подолги задржувања, но надлежните предупредуваат дека состојбата може нагло да се промени поради високиот интензитет на сообраќај.
Утрово чекањето било 45 минути, а сега веќе гужвите се намалени. Камери во живо може да следите ТУКА.
АМСМ со предупредување за критични делници
Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Сепак, се упатува апел до возачите за зголемена претпазливост, особено на патиштата низ планинските и речните региони. Како критични делници се наведуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои зголемена опасност од одрони.
Засилен сообраќај кон Србија и Грција
Најголем број возила се насочени кон и од Србија и Грција, што дополнително го зголемува притисокот на граничните премини. Во текот на викендот се очекува нов бран на заминувања и враќања од одмор, поради што се препорачува планирање на патувањето во пораните или подоцните часови од денот.