Од понеделник, 22 ноември, PCR и антигенските тестови повеќе нема да важат како пропусница за влез во угостителски објекти, хотелско сместување, спортски и културни настани и за користење на некои услуги каде што ќе можат да одат само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите ите шест месеци.
Во четвртокот, бројот на смртни слчаи надмина 100 првпат од април, а 52 во петокот, додека 30.205 Чеси досега починаа од пандемијата. Бројот на оние кои мораа да бидат хоспитализирани благодарение на вакцинацијата, околу 60 отсто од населението, се уште не го следи толку наглиот раст на нови случаи, а бројот на хоспитализирани е за половина помал од најлошите денови на пандемијата.
Во болниците во моментов има 4.890 пациенти со Ковид-19, од кои 724 се во тешка состојба на интензивна нега или респиратори.
Најлоша е ситуацијата на југот и на истокот на Чешка во Моравија, каде што некои болници немаат доволно персонал поради пациенти со Ковид-19 и одложуваат некои планирани операции и приеми во болница.
Војници од вчера помагаат во 24 болници и социјални установи низ Чешка, а од понеделник ќе им помагаат на преоптоварените лекари и медицински сестри во уште 15 болници.