Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на ромскиот јазик и култура, како дел од нашето македонско културно богатство и богатство на целото човештво.
Ромскиот јазик (изворно: rromani ćhib), е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.
Според ISO стандардите, јазикот е ставен во групата на макро јазици и се состои од седум под-јазици или големи дијалекти. Најголемиот дијалект е влашкоромскиот со околу 1.5 милиони зборувачи, потоа следат балканскоромскиот, карпатскоромскиот синтискоромскиот, велшкоромскиот, кало финскиот и балтичкоромскиот.