Четири години членство во Алијансата
Македонија е вреднувана членка и кредибилен партнер на Алијансата. Не само што живееме во стабилност и извесност, туку станавме фактор на стабилноста на Западен Балкан, рече премиерот Џафери.
Поминавме многу премрежија, активно придонесуваме во мировни мисии заедно со армијата на другите земји во Алијансата, за денес да бидеме почитувана и вреднувана членка која има свое место на масата за одлучување и е фактор на стабилност на Западен Балкан. Влезот во НАТО беше обезбеден со реформи и со Преспанскиот договор, со мудри и храбри државнички одлуки на тогашната Влада, рече Џафери.
Османи го потенцираше членството на Украина
Членството во НАТО дојде во вистинскиот момент, пред почетокот на руската агресија врз Украина, оцени шефот на дипломатијата.
„Украина е само станица на тие амбиции на Русија и една од тие станици би бил Западниот Балкан“, рече Османи, подвлекувајќи го придонесот на земјава во обезбедувањето стабилност и за помош за Украина.
Украинско прашање
Министерката Петровска пак, најави засилена помош за украинскиот народ.
„Храбрите државнички одлуки, кои ни овозможија на 27 март 2020 да постигнеме една од двете стратешки цели од нашето осамостојување до денес, се инвестиција во иднината на нашите граѓани и нашата држава“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Надворешно политички приоритет НАТО и ЕУ
Земјава стана 30. Земја-членка на Алијансата на 27 март 2020 година, 27 години откако Собранието во 1993-та едногласно усвои резолуција, во која се дефинираат надворешно-политичките приоритети – членство во НАТО и во Европската унија.
Што добивме, а што изгубивме?
Нашата држава доби заштита и почна да ги ужива сите придобивки. Но, во меѓувреме владата на СДСМ со популива надворешна политика го смени името на државата и се потчини на нашите соседи.